Пребарај  

Помош

Упатства

 

Упатство за употреба на MaxTV
PDF [ 3 MB]

Содржина

Основни услуги
Далечински управувач
Мени
MaxTV мени
Снимање
Видеотека
Подесување
Мини информатор
Запирање и премотување на емисиите кои ги гледате
Далечинско закажување на снимање
Распоред на ТВ каналите

Упатство за активирање на дополнителни пакети
PDF [ 0,5 MB]

Доколку вие не сте претплатени на сите канали од нашата MaxTV понуда тогаш истото можете да го сторите едноставно со активирање на пакетите преку нашата апликација достапна на MaxTV.

Упатство за инсталација на опрема за услугите Call & Surf, 2Max и 3Max (Speedport W 503V)
PDF [ 9 MB]

Поврзување на уредот за интегриран пристап
Вклучување на уредот
Конфигурирање на Вашиот компјутер
Креирање интернет конекција
Конфигурирање на безжичното поврзување
Поврзување и инсталација на MaxTV

 




Упатство за употреба на основен T-Home Медиа приемник PDF [ 2,5 MB]

 
 




Упатство за употреба на
приемник за дополнителен
ТВ уред
PDF [ 2 MB]

 

Содржина

Подготовка за работа на T-Home Медиа приемник 300
Подготовки и преглед
Инсталација и вклучување
Видео поврзување за најдобар квалитет на сликата
Детали за поврзувањата
Функционирање на T-Home Медиа приемник 300
Далечинско управување
Ресетирање на T-Home Медиа приемник 300
Употреба на услугата
Додаток
Гаранција
Решавање на проблеми и лоцирање на грешки
Техничка служба
Чистење
Батерии за далечинскиот управувач
CE Симбол
Технички податоци

Содржина

Подготовка за работа на T-Home Медиа приемник 100
Подготовки и преглед
Инсталација и вклучување
Видео поврзување за најдобар квалитет на сликата
Детали за поврзувањата
Функционирање на T-Home Медиа приемник 100
Далечинско управување
Користење на услугата
Додаток
Гаранција
Решавање на проблеми и лоцирање на грешки
Техничка служба
Чистење
Батерии за далечинскиот управувач
CE Симбол
Технички податоци

Прашања и одговори

За кого е наменета МaxTV услугата?

MaxTV услугата е намената за сите домашни корисници кои сакаат да внесат повеќе забава и уживање во својот дом.

Кој може да ја добие MaxTV услугата?

MaxTV може да ја добијат сите корисници на услугите на T-Home, чија линија ги задоволува техничките барања за MaxTV услугата.

Дали е можно да се склучи договор за MaxTV без телефонски број од Македонски Телеком?

Не, за MaxTV мора да имате активна телефонска линија.

Дали MaxTV услугата ќе им биде достапна на сите активни корисници на MaxADSL или има некои ограничувања во зависност од локацијата?

Најголемиот број од MaxADSL корисници ги исполнуваат техничките барања за MaxTV. Сепак, за жал, не сите активни MaxADSL корисници ќе можат да добијат MaxTV. За оваа услуга постојат некои дополнителни технички ограничувања (кои не секогаш се поврзани со локацијата на корисниците), коишто не можат да се занемарат.

Дали е потребен посебен телевизор?

MaxTV ја поддржуваат 90% од ТВ уредите кои денес се користат во Македонија.  Единствен услов е ТВ приемникот да има еден од влезовите за поврзување на Медиа приемникот: HDMI, SCART, Composite Video или S-Video

Што е медиа приемник?

Медиа приемник (Media Receiver) е софистициран уред кој ја носи MaxTV во Вашиот дом. Деталите се дадени во упатството за користење.

Колку уреди се потребни за функционирање на MaxTV?

За да имате MaxTV потребен ви е модем/рутер кој што ќе биде поврзан на мрежата на T-Home и Медиа приемник 300, кој е задолжен за обезбедување на MaxTV. Сите потребни уреди се обезбедени во рамки на 3 Max пакетите. 

Каде се обезбедуваат уредите потребни за функционирање на MaxTV?

Овие уреди ги добивате на користење доколку одлучите да ја користите нашата услуга.

Дали MaxTV поддржува HDTV?

Засега на MaxTV може да се следи еден HD канал, но само на корисниците на Optic пакети. Планот е во првата половина на 2010 да се овозможи следење на HD канали и на останатите корисници за кои има техничка можност.

Што е овозможено со функциите на MaxTV водичот?

MaxTV водичот ви дава информации за сите канали присутни на MaxTV за следните 14 дена, притоа овозможува едноставно снимање на содржините и пребарување по истите.

Дали постои можност MaxTV да се гледа на два ТВ приемника?

Да. MaxTV може да се гледа на два ТВ приемника, за што се разбира, потребни се 2 Медиа приемници.

Постои ли можност за безжично спојување на Медиа приемникот и MaxADSL модем/рутерот?

Да. Медиа приемникот и модем/рутерот може да се поврзат безжично со помош на дополнителниот уред Rucuss Wireless, наменет исклучиво за пренос на ТВ сигнали. Овој уред може да го најдете во сите продажни салони на Македонски Телеком.

Дали интернет сообраќајот ќе се троши со MaxTV?

Интернет сообраќајот не е поврзан со MaxTV сообраќајот, односно, тие одат по различни патеки и затоа не треба што да се грижите за тоа дека MaxTV ќе троши од интернет сообраќајот, од причина што платформите функционираат одвоено.

Дали бројот на понудени филмови во Видеотеката ќе биде постојано ист или ќе расте континуирано?

Бројот на содржините во Видеотеката постојано се зголемува, а содржините континуирано се ажурираат, согласно желбите и барањата на нашите корисници.

Постои ли можност за контрола на програмата, односно, филмовите според содржината (на пример, забрана за пристап на децата до содржини за возрасни)?

Да. Oваа функционалност е обезбедена со MaxTV.

Колку време уредот може да ја памети програмата за повторно гледање (replay) на филм или некоја серија од претходниот ден?

- Kаналите, односно, програмите кои ги снимате на Медиа приемникот на располагање ќе ви бидат толку долго колку што ќе одлучите. Самиот уред има 160GB хард диск (што приближно би значело повеќе од 150 часа снимање). Кога ќе се наполни целата меморија на уредот тој ќе ве информира и вие ќе одлучите која содржина ќе ја избришете.

- Во поглед на меморирањето на каналите во живо, всушност, станува збор за времена меморија, која ја чува содржината што ја гледате (од почетокот на вклучување на дадениот канал се додека не го смените истиот). Откако ќе го промените каналот, започнува меморирање на новиот канал, а сè претходно од времената меморија се брише.

 


правна напомена MaxTV на  © Македонски Телеком