Радио
MaxTV ви нуди голем број радио канали, селектирани по категории, вклучувајќи ги и македонските најпопуларни радио станици. Вклучете и уживајте.
Mозаик
Следете 6 канали во исто време и лесно одлучете што навистина ве интересира во дадениот момент.
Mоја сметка
Лесно и едноставно контролирајте ги вашите телекомуникациски трошоци направени во текот на месецот.
Со Моја сметка проверете ги реализираните разговори во фиксната мрежа, искористениот интернет сообраќај, како и изнајмените содржини од MaxTV Видеотеката.
Игри
10 забавни игри на MaxTV за исполнување на вашето слободно време кои се само на неколку клика од вас. Пробајте и забавувајте се!
IDIVIDI ТВ портал
Телефонскиот именик на Т-Home и шест јазичниот речник на поими, како дел од IDIVIDI порталот, сега ви се достапни и преку MaxTV. Во иднина порталот ќе биде збогатен со уште многу корисни и интересни информации за вас.
MaxTV водич
Барате низ дома дали имате весник со денешна ТВ програма. Со MaxTV водичот можете да пребарувате по име на филм или серија, по глумец/глумица, a програмата ви е на постојан увид, и тоа за следните две недели.
MaxTV водичот ќе ви ги обезбеди сите информации во врска со ТВ каналите кои се дел од нашата понуда. Со само еден клик ќе добиете детални информации за сите емисии на сите програми за следните 2 недели.
За тоа ќе ви помогне алатката за пребарување, која е дел од менито.
Видеотека
Сакате ли едно хит филмче со дигитален квалитет, токму сега додека сте сместени во удобна позиција? Нема проблем.
Од MaxTV Видеотека, вие можете директно од вашата фотеља да изнајмите филм, 24 часа во денот, без разлика дали е празник или викенд. Нема да ви се случи да платите казна затоа што сте заборавиле да го вратите филмот, бидејќи тој самиот ќе престане да биде достапен во назначениот период. Вообичаено е изнајмувањето на содржините да трае 24 часа, иако за некои содржини е можен исклучок и истите се достапни многу подолго. Сметката за изгледаните филмови ќе ја добиете на крајот на месецот, заедно со вашата комплетна Т-Home сметка. Видеотеката нуди филмови од различни жанрови. Тие се надополнуваат и менуваат често, затоа ви препорачуваме да не заборавате да ја погледнете обновената листа.
Родителска контрола
Поставете ги самите правилата во вашиот дом! Одберете што вашите деца нема да гледаат.
Со оваа функција којашто вие сами ја контролирате преку PIN кодот, ќе бидете сигурни дека вашите деца нема да имаат пристап до емисии и содржини коишто не се наменети за нив. Функцијата е лесна за употреба и со неа вие ги поставувате правилата во вашиот дом.
|