
Гледајте го HBO пакетот
3 месеци бесплатно!
повеќе ...
|

Серијата Пацифик ќе започне премиерно да се прикажува секој понеделник, од 15ти март во 20 часот на HBO каналот на MaxTV.
Истата ексклузивно веднаш по премиерата ќе може да се погледне и во HBO Digital видеотеката, кога вам ви одговара.
Во продукција на Том Хенкс, Стивен Спилберг и Гери Гетцман, Пацифик е епска мини серија во десет продолженија. Пацифик ги раскажува испреплетените животни приказни на тројца американски маринци, Роберт Леки, Џон Басилоне и Еуген Слеџ, низ платното на пацифичкиот океан за време на Втората Светска Војна. Минисеријата ги следи овие маринци од нивната прва борба со Јапанската војска на Гвадалканал, низ тропските дождовни шуми, низ крвавите песочни плажи, па се до хоророт во Окинава и конечно низ нивното триумфално, но не лесно враќање во нивните домови по клучниот ден.
Пацифик е базирана на делови од книгите “Helmet for My Pillow” од Роберт Леки и “With the Old Breed” од Еуген Слеџ, со додатни материјали од “Red Blood” и “Black Sand” од Чак Татум и “China Marine” од Еуген Слеџ, како и оригинални интервјуа направени од креаторите на мини серијата.
|