Упатство за подесување
на HD и размер на екранот

Доколку ја следите програмата на MaxTV преку LCD или плазма телевизор и сакате комплетно да уживате во перформансите на вашите ТВ приемници со кристална слика направете ги следните чекори:

Во текот на следење на програмата одберете:
Menu > Подесување > Телевизија

Од менито, одберете Размер на екранот и HD  соодветна резолуција во зависност од карактеристиките на вашиот ТВ приемник (720p за HD Ready и 1080i за Full HD приемници) .

Со одбирање на Продолжи и потоа на функцијата Почни тест, започнува тестирањето.

Притиснете на Зачувај гo подесувањето и уживајте во кристалната слика.


Додека ги следите програмите, во зависност од содржината може да ја зумирате или растегнете сликата.
Со притискање на копчето и навигација со стрелките озиционирајте се на опцијата Ширина и висина на сликата и потоа со стрелките одберете го форматот на сликата кој најмногу ви одговара.

Со помош на копчето можете директно да ја подесувате сликата.

За следење на програмата во HD резолуција потребно е Медиа приемникот да биде поврзан со ТВ приемникот преку HDMI кабел. Начинот на поврзување можете да го погледнете во упатството.

 

правна напомена MaxTV на  © Македонски Телеком