MaxTV пакетите збогатени со нови тв канали
13.02.2012 Македонски Телеком со цел да излезе во пресрет на барањата на своите корисници, ја збогати MaxTV понудата со нови тв канали. Корисниците на MaxTV услугата, покрај постојните канали, имаат можност да уживаат во програмската содржина на телевизиите OBN, Happy TV, документарниот канал Viasat Nature, потоа филмскиот канал Sci Fi и тв каналот E! Entertainment. Новите канали се достапни за сите MaxTV корисници, без надомест. Дополнително, програмската содржина на корисниците на 3 Max Optic пакетите е збогатена со новиот канал Viasat Nature/History, кој што може да се гледа во висока HD резолуцијa.
Новите канали за корисниците ќе бидат достапни под реден број 123 - Viasat Nature; 507 - Sci Fi; 600 - E! Entertainment; 72 – OBN; 75 - Happy TV и под реден број 706 - Viasat Nature/History HD.
Македонски Телеком и понатаму ќе работи на проширување и збогатување својата на понуда на тв канали со квалитетни и интересни содржини, воден од барањата и потребите на своите корисници.