Сподели доживувања
 Новост   Најгледани филмови 

HBO со 18 номинации за наградата „Златен Глобус“

22.12.2011

HBO кој на македонскиот пазар единствено е достапен преку програмата на MaxTV,  доби 18 номинации за 69-тото по ред доделување на престижните награди „Златен Глобус“. Оваа бројка на номинации е многу повеќе од која било друга телевизиска мрежа.

Доделувањето на наградите  ќе се оддржи на 15 јануари 2012 година, во Лос Анџелес.  Корисниците на MaxTV ќе можат да го проследат доделувањето на наградите во живо ексклузивно само на HBO со почеток во 02:00 часот.

Минисеријата „Милдред Пирс“ е главниот фаворит на HBO кој конкурира за наградата „Златен Глобус“ дури со 4 номинации. Во конкуренција за најдобра мини серија влегуваат и тв филмовите „Cinema verite“ и „ Too big to fail“ со по три номинации, кои во Македонија ќе бидат дел од програмата на HBO во текот на наредната 2012 година.  Драмската серија „Апсолутна власт“ има три номинации, сериите „Просветлени“ и „Игра на тронови“ кои се достапни во моментов на „HBO on Demand“ имаат во две номинации, додека пак серијата „Очаен“ е со една номинација.