Сподели доживувања
 Facebook на MaxTV 

Отсега, Facebook и на вашиот телевизор. Само со MaxTV имате единствена можност да пристапите до вашиот Facebook профил и да ги прочитате најновите објави, да го промените вашиот статус, да гледате фотографии и останати содржини на голем екран.

Сега и на вашиот ТВ приемник:

  • Следете ги објавите на вашите пријатели
  • Објавете нов статус (црвено копче)
  • Посетете ги профилите на пријателите (зелено копче)
  • Означете кога нешто ви се допаѓа (жолто копче)
  • Коментирајте објава или слика на пријателите (плаво копче)

Со Facebook апликацијата, исто така:

  • Пронајдете пријател преку алатката за пребарување
  • Уживате во фотографиите на вашиот или на некој од профилите на вашите пријатели
  • Прегледајте ги и потврдете го присуството на настаните на кои сте поканети
  • Информирајте се за родендените на пријателите
  • Прегледајте ги пристигнатите и испратените пораки

Брзиот пристап е со соодветните копчиња во боја од вашиот далечинскиот управувач

Како да се поврзете?

Пред да се најавите на Facebook апликацијата на MaxTV потребно е да ја посетите страницата http://fb.maxtv.mk. Таму внесете ги информациите за вашиот Facebook профил и креирајте ваше корисничко име и ПИН код (четвороцифрен број), кои ќе ги користите за најавување на MaxTV Facebook апликацијата.

Како да пристапите до MaxTV Facebook апликацијата?

До Facebook апликација ќе можете да пристапите на три начини:

  • Со синото копче од далечинскиот управувач и избор на Facebook апликацијата
  • Со избор на каналот 1114 за директно пристапување
  • Преку менито на MaxTV со избор  Meни >MaxTV Екстра > Апликации, каде ќе ја најдете Facebook апликацијата
     

Најавување на MaxTV Facebook апликацијата

Внесете го креираното корисничко име и ПИН кодот кој го избравте на страницата http://fb.maxtv.mk. Доколку сакате истите да бидат запаметени при следно користење одберете ја можноста “запамети ПИН код”.

Начин на навигација 

Низ MaxTV Facebook апликацијата можете да се движите со помош на стрелките на далечинскиот управувач, со помош на копчињата во боја, а пак со копчињата P+ и P- можете да се движите низ листата на објави или коментари.

Ве потсетуваме, дека можете да станете фан на Facebook страницата на MaxTV и први да ги дознавате новостите за MaxTV и Facebook апликацијата.

Ви посакуваме многу нови пријателства и споделени доживувања!