Фантастичниот Лисец Жанр: Семејни Режија: Wes Anderson Достапен за изнајмување до: 20.03.2012 Цена за изнаjмување: HBO пакет Времетраење: 84 мин. Содржина: ФАНТАСТИЧНИОТ ЛИСЕЦ е првиот анимиран филм на режисерот Вес Андерсон, кој ги користи класичните аниматорски техники за да ја раскаже приказната на бестселер детската книга на Роалд Дал (автор на "Чарли" и "Фабрика за чоколадо" и "Џејмс и џиновската праска"). За филмот гласовите ги позајмија Џорџ Клуни, Мерил Стрип, Џејсон Шварцман, Бил Мари, Воли Володарски, Ерик Андерсон, Мајкл Гамбон, Вилем Дефо, Овен Вилсон и Џарвис Кукер. Г. Фокс и г-ѓа Фокс (Клуни и Стип) живеат идиличен домашен живот со својот син Еш (Шварцман) и младиот внук кој им е на гости, Кристоферсон (Ерик Андерсон). Но, по дванаесет години тивок домашен живот се будат дивите животински инстинкти на г. Фокс. Наскоро, тој се навраќа на своите стари денови како итар крадец на пилиња и со тоа го загрозува не само своето сакано семејство, туку и целата животинска заедница. |
|