Заплеткана Жанр: Семејни Режија: Nathan Greno Достапен за изнајмување до: 20.03.2012 Цена за изнаjмување: HBO пакет Времетраење: 97 мин. Содржина: "Волт Дизни Пикчрс" ја претставува "Заплеткана", една од најсмешните приказни некогаш раскажани. Кога најбараниот и најшармантниот бандит во кралството, Флин Рајдер (гласот на Закари Леви), во обид да се скрие во една мистериозна кула, станува заложник на Рапунзел (гласот на Менди Мур), прекрасна и агресивна тинејџерка која е заробена во кулата и има волшебна коса долга 21 метар. Љубопитната заробувачка на Флин која сака да избега од кулата каде е затворена со години, се спогодува со згодниот крадец и двајцата тргнуваат во авантура преполна со акција во која им се придружуваат еден коњ, еден заштитнички настроен камелеон и банда кафеански силеџии. "Заплеткана" е приказна исполнета со авантура, душа, хумор и коса, многу коса. |
|