1. Што е овозможено со функциите на MaxTV водичот?
MaxTV водичот ви дава информации за програмата на сите канали на MaxTV за 14 дена, притоа обезбедувајќи можност за закажување на снимање на содржините и пребарување на истите. |
2. На кој начин се снима ТВ програма?
Снимањето на некоја ТВ содржина е можно на два начини - со помош на MaxTV програмскиот водич, со избор на програма и доделување на снимање на програмата. Можноста за преглед и снимање на програмата покрај со помош на програмскиот водич на MaxTV, е достапна и преку интернет програмскиот водич на www.maxtv.mk и преку мобилен, со што е овозможено закажување на снимањето и кога не сте покрај ТВ приемникот. Покрај ова, овозможено е снимање на програмата во живо со вклучување на копчето за снимање на далечинскиот управувач на Медиа приемникот, со што започнува снимањето на програмата во живо. |
3. За што станува збор доколку ТВ водичот прикажува погрешни податоци?
Македонски Телеком ја добива програмата од ТВ каналите и ја прикажува истата онака како што тие ја приложуваат. За податоците коишто се однесуваат како на временската рамка, така и на содржините во програмата, доставени од ТВ каналите, Македонски Телеком не ја презема одговорноста. |
4. Како да се закаже снимање на програми кои имаат различно, односно, поместено време на емитување во споредба со програмата во ТВ водичот? Дали постои можност за временско одложување на снимањето?
Снимањето се врши врз основа на определен термин, утврден во MaxTV водичот. Покрај автоматското, постои можност и за мануелно временско нагодување на снимањето на програмите. На тој начин, можете да го нагодите започнувањето на снимањето одреден период пред означениот термин за започнување на програмата во водичот и да го нагодите крајот на снимањето по означениот термин за крај на програмата. Ова има своја практична, но и безбедносна функција, во случај кога емитувањето на некоја емисија започнува со задоцнување, а системот веќе започнал со снимање врз основа на податоците добиени од MaxTV водичот. |
5. Дали постои можност истовремено да се снима повеќе од една содржина и да се гледа телевизиската програма?
Услугата MaxTV дава можност истовремено да снимате една ТВ содржина, додека следите некоја друга во живо. Постои можност истовремено да се снимаат максимум две содржини. За време на снимањето на две содржини истовремено, постои можност една од програмите да се следи и снима. |
6. Зошто некои ТВ канали сè уште немаат обезбедено превод на македонски јазик?
Одлуката за локализација на содржините ТВ каналите најчесто ја прават врз основа на вкупно пријавениот број на корисници/гледачи од сите оператори кои го реемитуваат тој канал на одредена територија. Кога корисниците ќе надминат одредена критична бројка на таа територија (во случајов Р. Македонија), ТВ каналите одлучуваат за исплатливоста за локализација. Во однос на локализацијата, односно преводот на содржините на ТВ каналите, MaxTV ги пренесува истите онака како што каналите ги обезбедуваат. |
7. Зошто на некои канали звукот е послаб во однос на други
ТВ сигналот се пренесува со квалитетот на звук како што ни го испорачуваат ТВ каналите. Во моментов нема техничка можност за нивелација на различното ниво на јачина на звукот на ТВ каналите, што не значи дека во иднина нема да се обезбеди. |
8. Дали е возможно локалните канали достапни само за некои градови да се гледаат на целата територија на Македонија?
Локалните канали добиваат лиценца за емитување на програма само за одредена територија. Оттука, незаконски е истите да се реемитуваат на целата територија на Македонија. |
9. Дали постои ли можност за контрола на програмата, односно, филмовите според содржината (на пример, забрана за пристап на децата до содржини за возрасни)?
Да, таканаречената „родителска контрола“ е функционалност обезбедена со MaxTV. Со помош на четири цифрен ПИН код, може да му забраните на Вашето дете пристап до сите филмови и емисии за чие гледање постои препорака за ограничување на гледање поради возраст. Оваа функционалност овозможува и блокирање на ТВ канали и лимитиран пристап до содржини во Видеотеката. |
10. Кој е основниот пин за родителска контрола?
ПИН кодот е даден во договорот којшто го потпишувате при купувањето на MaxTV услугата. |
11. Дали бројот на понудени филмови во видеотеката ќе биде постојано ист?
Бројот на содржините во видеотеката постојано се зголемува, а содржините континуирано се менуваат и дополнуваат. |
12. Како можам да изнајмувам филмови?
Ако изнајмувате филмови од нашата видеотека, ќе заштедите и време и пари. Начинот на изнајмување е лесен и брз, може да го направите преку менито на MaxTV, со помош на далечински управувач, седејќи во Вашата фотелја. На брз и лесен начин, користејќи само неколку копчиња, можете да избирате и изнајмувате филмови од видеотеката, која се повикува од менито. Нашата понуда изобилува со светски хитови и разновидни филмови од сите жанрови. |
13. Која е цената за изнајмување на филмовите?
За цената на изнајмувањето на филмовите можете да се информирате преку Вашиот телевизиски приемник, преку менито Видеотека или на во Видеотека на оваа веб страница. |
14. На кој начин се плаќа за изнајмениот филм?
Плаќањето за изнајмените филмови е вклучено во првата следна телефонска сметка. |
15. За колку време може да се изнајми еден филм?
Еден филм се изнајмува за еден ден (24 часа). Ова значи дека изнајмениот филм, за висината на надоместокот на изнајмувањето, во текот на еден ден може да се гледа неограничен број пати. |
16. На кој начин е достапен телетекстот?
Во средина на далечинскиот управувач се наоѓаат копчиња, со помош на кои е достапен телетекстот. Телетекстот од повеќето македонски ТВ канали не е достапен во моментов заради недостаток на опремата којашто ТВ каналите треба да ја постават за поврзување на телетекстот со дигиталната MaxTV платформа. |