Корисниците кои склучиле договор за одреден пакет пред 16 мај, 2012 година, а сакаат да ги користат новите поволности, потребно е да поднесат барање за миграција во еден од новите пакети, во Телеком продавниците или преку Контакт центарот на 171.
(1) За неограничен интернет сообраќај важи политика на фер од 60 GB месечно. По надминување на вклучениот интернет сообраќај, брзината на пристап се намалува на 2 Мbps/2 Мbps.
(2) За неограничен интернет сообраќај важи политика на фер од 600 GB месечно. По надминување на вклучениот интернет сообраќај, брзината на пристап се намалува на 2 Мbps/2 Мbps.
(3) По надминување на вклучениот мобилен интернет сообраќај во пакетот, брзината се намалува до 64 Kbps / 64 Kbps, а дополнителниот сообраќај не се наплатува.
(4) Вклучените разговори во мрежата на Македонски Телеком не вклучува повици кон специјални броеви како, 188, 142___, 0500 ___, и др. и повици кон други оператори што се наплатуваат по редовните цени.
(5) По надминување на 200 минути разговори во фиксната мрежа на Македонски Телеком, разговорите се наплатуваат по редовните цени.
(6) За неограничените локални и национални разговори во фиксната мрежа на Македонски Телеком важи политика на фер користење, која подразбира телефонски разговори од 100 часа месечно. По надминување на вклучените 100 часови месечно, разговорите се наплатуваат по редовните цени.
(7) За неограничени разговори кон други фиксни мрежи важи политика за фер користење од 10 часа месечно. По надминување на вклучените 10 часови месечно, разговорите се наплатуваат по редовните цени за локални и национални разговори кон други фиксни мрежи.
(8) По надминување на вклучените разговори од 100 минути, важат редовните цени за разговори кон мрежата на T-Mobile.
(9) По надминување на 10 часа разговори кон фиксни мрежи во Европа, САД, Канада и Австралија, разговорите се наплатуваат по редовните цени кои важат за пакетот. 10 часа бесплатни разговори важат кон фиксни мрежи во следните земји: САД+Аљаска, Канада, Австрија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Чешка, Црна Гора, Хрватска, Холандија, Франција, Финска, Унгарија, Украина, Турција, Србија+Косово, Словенија, Словачка, Сан Марино, Русија, Романија, Португалија, Полска, Норвешка, Монако, Молдавија, Малта, Луксембург, Лихтенштајн, Литванија, Латвија, Кипар, Италија, Исланд, Ирска, Естонија, Ерменија, Данска, Грција, Грузија, Германија, Велика Британија, Ватикан, Бугарија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Белгија, Андора, Албанија, Азербејџан
(10) Ако земете пакет Optic најдоцна до 30 јуни 2012, со пакетот може да добиете втора телефонска линија со посебен телефонски број, без дополнителен надомест. Повици помеѓу основната и втората телефонска линија се без дополнителен надомест. Вклучените минути за локално и национални разговори без дополнителен надомест, важат за основната и втората телефонска линија вкупно. Tарифите и услови кои важат за основната телефонска линија важат и за втората телефонска линија.
(11) Дополнителните канали се по избор на корисникот, бесплатно или со доплата.